Путин: Нападот во Виена е брутален и претставува циничко злосторство – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/20 11:14 AM

Путин: Нападот во Виена е брутален и претставува циничко злосторство

Рускиот претседател Владимир Путин, вчерашните терористички напади во престолнината на Австрија ги нарече брутални и за него тие претставуваат циничко злосторство. Тој испрати телеграма до австриските власти, изразувајќи сочувство и поддршка во овие тешки моменти.

Во терористичкиот напад во Виена, четири лица беа убиени во пукотниците на повеќе места низ градот.

-Изразувам уверување дека силите на теророт нема повеќе да бидат закана за никого, ниту пак да направат раздот помеѓу луѓето од различни религии. Русија е подготвена за кооперација со Австрија и со останатите светски држави, во борбата против сите форми на тероризам, стоеше официјалното соопштение на веб-сајтот на Кремлин.

Путин изрази и поддршка до семејствата и пријателите на жртвите и им посака брзо опоравување.