Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција се искачи на 102, соопшти Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од АФАД е соопштено дека вкупно 143 лица се наоѓаат на лекување. Од повредените 1.026 лица, 883 лица се отпуштени од болница.
Активностите за пребарување и спасување во Измир се завршени во 12 од 17 згради, продолжуваат во уште 5 згради.
Во петокот, земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди Измир, третиот по големина град во Турција, со популација од околу 4,37 милиони.