Промоција на протокол за заштита од КОВИД-19 во судовите – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/20 8:16 AM

Промоција на протокол за заштита од КОВИД-19 во судовите

Здружението на судии на Република Северна Македонија денеска во Основниот  граѓански суд и во Основниот кривичен суд во Скопје ќе промовира Протокол за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 во судовите.

Протоколот е подготвен со техничка и финансиска подршка од  Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– Проектната активност вклучи печатење на постери и флаери со преработена содржина која е едноставна за примена во практиката, информираат од Здружението на судии.