Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази сочувство до семејствата на луѓето што настрадаа при нападот во Виена, порачувајќи дека Србија е покрај Австрија во овие тешки времиња.
Длабоко сум потресен од стравичниот напад во Виена – наведе Вучиќ на Твитер и додаде:
Најдлабоко сочувство за семејствата на невините жртви и граѓани на Австрија. Бидете уверени, драги пријатели, Александар ван дер Белен и Себастијан Курц дека Србија цврсто стои покрај вашата земја во овие тешки времиња.
Deeply shaken by the horrifying terror attack in Vienna. My deepest condolences to the families of the innocent victims and citizens of Austria 🇦🇹. Rest assured, dear friends @vanderbellen and @sebastiankurz, that Serbia stands firm by your country in these challenging times.
— Александар Вучић (@predsednikrs) November 2, 2020