Поголем дел од Штип со часови без вода за пиење – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 6:49 PM

Поголем дел од Штип со часови без вода за пиење

Дефект на турбина за озонирање на водата во филтер-станицата е причина што околу 70 проценти од домаќинствата во Штип од денеска претпладне немаат вода за пиење. Директорот на ЈП „Исар”-Штип, Живко Тасев, за МИА вели дека морала да се запре водата од Филтер-станицата, за екипите да ја монтираат резервната турбина за озонирање на водата.

-Турбината за озонирање, која се расипа веднаш ќе се испита дали може да се поправи, доколку не, во тој случај ќе мора да се набави нова, која чини околу 1.200.000 денари, вели Тасев.

Тој истакна дека водата за пиење до домаќинствата ќе пристигне во текот на ноќните часови. Проблеми со водоснабдувањето немаат оние делови на градот, каде што имаат резевоари со вода, а оние кои се директно преку линија приклучени со Филтер-станицата вода за пиење немаат од претпладневните часови