(Видео) Луди журки и без дистанца , им е гајле за корона – Прославена Ноќ на вештерките во Вухан – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 6:43 PM

(Видео) Луди журки и без дистанца , им е гајле за корона – Прославена Ноќ на вештерките во Вухан

Од мај досега немало локално пренесување на коронавирус во Вухан, Кина.  Додека голем дел од Европа оди под клуч, во градот од кој наводно потекнува коронавирусот, ситуацијата е сосема поинаква.

Илјадници луѓе ја прославија Ноќта на вештерките и иако епидемиолошката состојба е поволна, повеќето луѓе носат заштитни маски.

Сепак, граѓаните на Вухан не се држеа на дистанца.

Според сегашните податоци, во Кина во моментов има 363 активни случаи на инфекција со коронавирус. Во Вухан, но и во остатокот од земјата, вирусот се смирува.

Се опоравиле 81.024 луѓе, а вкупно починале 4.634 лица.

Извор: kurir.rs