За глобалото затоплување и топењето на мразот се зборува многу, но затоа се прави малку тоа да се спречи. А колку е тоа сериозен проблем може многу добро да се види и од алатката што ја осмисли НАСА, а која предвидува кои градови ќе бидат потопени поради топењето на мразот предизвикано од глобалното затоплување.
Научниците во „формулата“ го вметнале и придонесот на Земјината гравитација и нејзината ротација за да се предвиди како водата ќе се „редистрибуира“ ширум светот.
Еден од научниците што учествувале во истражувањето неодамна за ББС зборуваше поопширно на темата, пренесува хрватски „Вечерњи лист“.
Истражувањето покажало дека од топењето на големите површини мраз на западниот дел на Гренланд во Европа, освен Лондон, најмногу треба да стравуваат Дубровник, Тромсо, Осло, Атина, Сиракуза, Марсеј, Гибралтар и Брест.
Научните податоци укажуваат дека топењето на глечерите и мразот имаше влијание врз растот ни висината на морињата во текот на 20. век, а во 21. век тоа влијание е уште поголемо.