Култниот берлински паб Stäеndige Vertretung (Stae V) им забрани влез на германската канцеларка Ангела Меркел, на министерот за финансии Олаф Шолц и на други познати политичари поради затворањето на сите угостителски објекти, што стапи на сила денес, пренесува „Шпигел“.
Сопствениците на пабот, познат и по пивото и вкусната храна, ги сметаат германските политичари, предводени од Меркел, одговорни за воведување престроги мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. И многу други ресторани исто така се револтирани од воведувањето карантин во Германија, со што се забранува работење на угостителски објекти. Тие се повикуваат на резултатите од истражувањето на институтот „Роберт Кох“, според кое шансите за инфекција во слични угостителски објекти не надминуваат три отсто. Според нив, владата не била добро подготвена за вториот бран на епидемијата на коронавирус.
Бринкман и Бубингер, газдите на берлиснкиот паб кој е омилено свраталиште и на многу познати политичари, велат Ангела Меркел и другите политичари во иднина повеќе да не се надеваат на свинска коленица од нивната кујна.