„Медиа плус“ им овозможи на најмладите битолчани низ уметност да учат за превенцијата – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 4:38 PM

„Медиа плус“ им овозможи на најмладите битолчани низ уметност да учат за превенцијата

Децата од две битолски градинки беа дел од едукативните настани
организирани од ЗГ „Медиа плус“ преку Општинскиот совет за превенција на
Општина Битола.

Дечињата од детските градинки „Мајски Цвет“ и од ЈОУДГ „Естреја Овадија
Мара“, ја проследија претставата „Безбедно дете“, а потоа боеја на
боенки со истата содржина, што ги обезбеди „Медиа плус“.

Членовите на Советот за превенција ја проследија едукативно –
информативната работилницата во функција на поголема видливост на
Советот за превенција и зголемена соработка со граѓаните и граѓанскиот
сектор. На работилницата се разработуваа и теми за законската рамка за
делување на ова тело и неговите надлежности.

Сите активности се во рамките на проектот „Здружени сме посилни и
побезбедни“ на ЗГ Медиа Плус од Штип , во рамките на програмата Цивика
мобилитас.