Целосно реновирана Железничката станица во Тетово. Моментално овој објект ќе биде наменет само за две возни линии.
Се работи за инвестиција од седум милиони денари.Граѓаните го поздравија ваквиот проект, но без возни линии, како што велат, нема да видат многу полза. Железничкиот транспорт е поевтин, поефикасен и помалку загадува.
Директорот на ЈП Железничка инфраструктура Фестим Халили вели дека се бараат начини да се воведат повеќе железнички линии.
Железничка станица не е реконструирана откако е изградена во 1952 година. Се работи за целосна обнова на објектот од подот до покривот.
З.Д.