Системот за ширење лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно метастазира и на централно и на локално ниво.
ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и конструкции кои немаат врска со реалноста. Фактите говорат дека компанијата „Де лукс” ДОО Штип ниту аплицирала, ниту добила тендер од Општина Штип додека градоначалник бил Благој Бочварски.
Очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски е сериозно исплашено од извесниот пораз на предвремените локални озбори во Штип и затоа го прави единствено она што го знае – шири лажни вести и невистини.
Доделување тендери по роднински линии, преземање на цели бизниси од страна на „фамилијата” беа одлика на 11 години режимско и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија и ден денес не може да излезе од таквата матрица, затоа се опозиција, затоа губат три изборни циклуси и затоа ќе изгубат и на локалните избори во Штип.
Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста