Градоначалникот на Свети Николе, Велковски го доби спорот против координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Владев – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/20 9:25 AM

Градоначалникот на Свети Николе, Велковски го доби спорот против координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Владев

Дејан Владев, координатор на ВМРО ДПМНЕ од Свети Николе го наклеветил градоначалникот Сашо Велковски, кога на прес конференција во јули 2019 година обвини дека во градинката „Рахилка Гонева“ се шири опасниот вирус коксаки, пресуди Апелацискиот суд од Штип, отфрлајќи ја жалбата на Владев.  Со тоа, е потврдена пресудата на Основниот суд од Свети Николе, според која,  Владев на градоначалникот Велковски му нанел штета на угледот и честа.

На прес конференцијата, координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Владев, обвинува дека Велковски, како градоначалник, иако знаел за присуството на вирусот во градинката, две недели не презел ништо. Во пресудата на Основниот суд од Свети Николе, потврдена од Апелација се наведени повеќе докази и аргументи, кои докажуваат дека не само што не е најден вирусот во градинката, туку се преземени повеќе мерки од страна на општината и на раководството на ЈОУГД „Рахилка Гонева“, вклучувајќи и барање да дојде инспекција и да ја утврди фактичката состојба. Инспeкцијата oд Центарот за јавно здравје од Велес по земените брисеви покажа дека нема присуство на вирусот на ниту една од површните. Освен тоа, преземени се и други мерки, како што е дезинфекција на градинката, со што се побива тврдењето дека и покрај сознанието за наводното присуство на вирусот, не е преземено ништо.

Градоначалникот Велковски пресудата ја оцени како правична, додека координаторот Дејан Владев треба да му исплати 60.000 денари обештетување, средства што планира да ги употреби за набавка на столчиња и клупи за децата од градинката.

Повеќе во пресудата: