Растурена свадба во с.Добридол-гостиварско, имало 120 гости – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 11:49 AM

Растурена свадба во с.Добридол-гостиварско, имало 120 гости

Забраните и препораките не се почитуваат, организирањето на семејни веселби не престанува. Вчера инспекторите растуриле уште една свадба. Во угостителски објект во с.Добридол била затекната семејна веселба со присуство на 120 гости. Објектот бил затворен.

„На 01.11.2020 во 18.50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на М.И.(33) од ова село, била организирана свадбена веселба од М.И.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, на која присуствувале околу 120 гости,“инвормираат од МВР.

Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат излегле на местото на настанот и објектот бил затворен, а ќе следат и  соодветни поднесоци.