ВИДЕО: Момчето на Ајакс игра како да е на „Копакабана“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 11:50 AM

ВИДЕО: Момчето на Ајакс игра како да е на „Копакабана“

Како што одминува сезоната, Ајакс ја „пали машината“, а еден од најистакнатите играчи во холандскиот гигант е дваесетгодишниот Бразилец, Антони.

Тој летото од редовите на Сао Паоло пристигна во Амстердам на некој начин како замена за Хаким Зијеш и рака на срце не му беше потребно долго време да се адаптира во новата средина и да покаже зошто всушност е доведен.

По победата над Венло од неверојатни 0:13, Ајакс продолжи со „торпедирање“ во холандското првенствно. Нова „жртва“ беше Фортуна Ситард, но за разлика од Венло, постигна два погодоци и прими само пет.

Бразилскиот интернационалец не се најде во листата на стрелците, но пробивите по левата и десната страна заедно со неговиот бразилски колега Давид Нерес, им овозможија на Клаасен во два наврати, Тадиќ и Промес од белата точка и Брајан Броби, да го совладаат противничкиот голман.

Антони не постигна гол и асистенција, ама играше фудбал како да е на плажите во „Копакабана“. Дијагоналата од неговиот соиграч ја скроти на магичен начин од кој никој не остана рамнодушен.