Едното го гушка секој ден, другото го гледа само на камера. Таков е животот на кореографот Гордана Деан Поп –Христова, која живее во Еквадор и додека едното внуче Круз, од ќерка и Јоана, го гледа и гушка секој ден, другото Каи, од ќерка и Нина, го гледа само на камера. За ммс.мк вели срцето и е поделено на два контитенти, и колку и да и беше голема желбата да дојде во Македонија за раѓањео на второто внуче, не успеја. Авионскиот билет и пропадна поради пандемијата и не дојде, како мајка, да и биде поддршка на Нина. Гоца, се уште се надева дека пандемијата ќе заврши што побргу и ќе и се исполни најголемата жеба, двете внучиња заедно да ги земе во прегратка.
Каи го гледам само на камера, вели баба Гордана
-А што може да ти биде поголема желба коха си дупла баба. Да бидеш дупла баба е како да два пати да освоиш главна премија на лото. Ќе си речеш од кога ќе се роди првото внуче, па јас сум најбогата на светот . И потоа со второто сваќаш дека богатството ти е дуплирано до ѕвездите и назад. Рагањето на внуците Круз и Каи не само што ме смени како личност, туку мислам дека ја губам личноста. Се претопувам со универзалната љубов , јас не постојам, постои едно топло, безвременско чувство и восхит од новиот живот, вели Гордана.
Откако со сопругот, актерот Кирил Поп- Христов, се преселија во едно село во Еквадор, таа поради работата живееше разделена од него и ќерката Јоана. Во главниот град Кито беше професор по кореографија, но поради корона се врати во селото Олон. Поради екзистенцијата тоа е лошо, но од друга страна, пак, е убаво бидејки постојано е со Круз.
-Од кога се случи пандемијата живеам во село на брегот на Пацификот и за среќа сум постојано со ќерка ми Јоана и внучето Круз. Секое будење прво одам него да го видам и не легнувам без да го гушкам и бакнувам, додека веќе не почне да ме бутка. Од што не можам да престанам. Од друга страна, поради пандемијата ми пропадна авионска карта со датумот точно пред раѓањето на второто ми внуче Каи, на ќерка ми Нина. Колку тоа ме потресе и колку тешко ми е секогаш кога ќе се видиме на видео, кога истовремено се радувам и потоа плачам можат да разберат само тие кои се во истата ситуација. И Јоана и Нина се прекрасни мајки, посветени на своите деца, мислам многу повеке отколку јас што бев. Среќа во несреќа со карантинот е дека и двете се нон-стоп со бебињата, за разлика од нив јас почнав да работам кога и двете имаа само по три месеци. Не им делам некои савети во врска со негата зошто се подготвени и двете. Со интернет е лесно да дојдеш до информации плус имаат одлични лекари педијатри кои ги советуваат, вели таа и додава:
-Тоа дека внучето се сака повеке од сопственото дете не е бесмислена измислица. Баба за разлика од мајка има само еден фокус- внучето. Мајката има повеќе грижи во смисла дека не е само посветена на игра и гушкање на детето туку и нега, едукација и обично е позафатена од бабата. И тоа е нормално. Бабата и внучето се поврзуваат без никакви додатни пречки, тоа е едно потполно предавање, раскажува Гоца.
На сите млади мајки им е потребен мајчински совет. Па така и Гоца е тука за ќерките за се што е потребно. Иако, вели таа, немала потреба многу да ги советува, бидејќи и Нина и Јоана биле подготвени за новата животна улога.
-Имам дадено само еден совет на Нина и Јоана, а тоа е да не се трудат да бидат совршени мајки зошто тоа е невозмозно. Совршена мајка е онаа која го сака детето. И тоа е се. Да не се чувствуваат виновни ако расположението им се менува, кога се уморни или тажни или лути. Детето треба да се запознае со целиот спектар на човечки емоции и тоа ќе го направи посилно во животот, зошто животот не е розов и цветен цело време. Искреноста на мајката е поздрава од потиснување на емоции и прикажување на една вештачка и нереална слика на совршенство, вели Гордана.