Уште еден позитивен на Ковид-19 во македонската ракометна селекција – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 11:15 AM

Уште еден позитивен на Ковид-19 во македонската ракометна селекција

По веста дека тренерот на голманите во македонската ракометна репрезентација, Александар Царчев, во пресрет на квалификационите дуели за ЕП против Финска во Скопје и против Швајцарија е заразен со коронавирус, уште една непријатна вест ни доаѓа од таборот на нашата селекција.

Идентитетот засега не е откриен, но на последното колективно тестирање еден од ракометарите на селекторот Данило Брестовац бил позитивен на Ковид-19.

Македонија задутре со Финска ќе ги отвори квалификациите на домашен терен, а три дена потоа гостува во Швајцарија.