Директорот на Пазарниот инспекторат позитивен на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 10:37 AM

Директорот на Пазарниот инспекторат позитивен на Ковид-19

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски е позитивен на Ковид-19. Тој на својот фејсбук-профил објави дека нема никакви симптоми и оти веќе е во домашна изолација.
– Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Посакувам брзо оздравување на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација. Чувајте се, напиша Пауновски на Фејсбук.