Премиерот Заев во четврток ќе учествува на виртуелниот „Thessaloniki Summit 2020″ – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 9:11 AM

Премиерот Заев во четврток ќе учествува на виртуелниот „Thessaloniki Summit 2020″

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во четврток ќе учествува на панел дискусија на петтиот „Thessaloniki Summit 2020″, што оваа година, поради пандемијата ќе се одржи онлајн, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонскиот премиер, неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји се потврдените учесници на панел дискусијата за ЕУ перспективата на Западен Балкан, што ќе се одржи на првиот ден од самитот.

На истиот панел, поканети се и премиерите на Србија, Албанија и Бугарија, за кои се чека конечната потврда за нивното учество.

„Thessaloniki Summit 2020″ што е под покровителство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, го организира Федерацијата на индустрии на Грција во соработка со „Делфи економскиот форум” и со поддршка од „Enterprise Europe Network Hellas”, а оваа година ќе биде во форма на виртуелен настан на 5 и 6 ноември.

Македонскиот премиер и лани учествуваше на самитот во Солун, а на маргините на „Thessaloniki Summit 2019″ оствари средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.