Управата за вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД) соопшти дека бројот на загинати во земјотресот во Измир се зголемил на 79 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).
АФАД претходно соопшти дека повредени се 962 лица, од кои 743 се отпуштени од болница, а 219 се задржани на лекување.
Акциите за спасување и понатаму траат во осум згради.
По силниот земјотрес, што го погоди Измир во петокот, беа регистрирани 1.120 потреси на тлото, од кои 43 беа посилни од четири степени.