Времето денес сончево со умерена облачност – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 7:23 AM

Времето денес сончево со умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Највисоката дневна температура ќе достигне 22 степени на југот на земјата. Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со слаб до умерен северен ветер. Во четврток претежно во јужните и западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура до среда ќе биде без поголеми промени, а од четврток ќе се намали за неколку степени.