Молчи, за да не ја шириш заразата -Нова мерка против корона во јавниот превоз во Шпанија – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/20 11:04 PM

Молчи, за да не ја шириш заразата -Нова мерка против корона во јавниот превоз во Шпанија

Научници вработени во Шпанскиот национален совет за истражување (ЦСИК) препорачуваат да се молчи во метро и јавниот превоз за да спречат ширење на вирусот корона. Тие го објаснија тоа мислење со фактот дека податоците укажуваат дека оваа мерка значително ќе го намали ризикот од инфекција, пренесува шпанската Авангардија.

Со месеци експерти од областа на епидемиологијата и аеросолите ширум светот бараат построги мерки за спречување на ширење на вирусот низ воздухот, а покрај оддалеченоста, хигиената и носењето заштитни маски, се препорачува вентилација како една од клучните мерки за спречување на вирусот.

Истражувачот на ЦСИЦ, Марија Круз Мунгиљон, ја истакна важноста на вентилацијата, но исто така рече дека треба да се почитува друга мерка – тишина во јавниот превоз.

– Би било идеално ако метрото  иницира „постојаномолчење“. Тишината и добрата соодветна маска го намалуваат ризикот. Ако зборувам на телефон или зборувам гласно затоа што е бучно во метрото, се испуштаат 50 пати повеќе аеросоли – изјави Круз Мунгиљон.

Таа објасни дека оваа мерка е многу важна, бидејќи нема вентилација во подземната железница и дека ако некој има вирус и се вози со метро, ​​важно е воздухот да биде што помалку загаден.

Исто така, се посочува дека оваа мерка треба да важи и за други видови јавен превоз.

Фото: informer.rs