Од утре на граѓаните достапни ќе им се брзите тестови. Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација што ќе почне со изработка на брзите тестови. Овие се квалитетни тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот, соопшти вечерва д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.
Според него веќе од наредната недела, од понеделник, граѓаните ќе можат преку дадениот телефонски број во медиумите да закажуваат и да направат брзи тестови. Информираше дека постапката ќе трае 15 до 20 минути, но со оглед на тоа што е нов принцип на работа Исијановски рече дека ќе биде потребно околу половина час. Тестот ќе ги чини 1000 денари.