Костадинов: Утре струмичката болница ќе има санитетско комбе – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/20 8:00 PM

Костадинов: Утре струмичката болница ќе има санитетско комбе

Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, Наке Гогов, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница, сподели на својот ФБ профил Костадин Костадинов, портпароли пратеник на СДСМ.

Ова е дополнително возило од веќе обезбеденото кое го очекуваме до декември. Разочаран сум што опозицијата наместо да помага, прави се за да буквално одмогне во оваа криза. Секако за тоа најдобро ќе судат граѓаните.

Проблемите ги решаваме многу брзо, се грижиме и преземаме одговорност. Само со посветена и неуморна работа, можеме и мораме да ги решаваме проблемите кои се натрупани со години наназад“, смета Костадинов.