Поп пејачот, Влатко Илиевски синоќа околу 23 часот на ул.„3-та Македонска Бригада“ е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“. Информацијата денеска ја соопшти Министерството за внатрешни работи, но се уште официјално не се знаат причините за смртта на триесет и тригодишниот Илиевски.
Телото е дадено на обдукција. Истрагата е во тек.
Пејачот ќе биде погребан утре, 08.07.2018 година, на гробиштата во општина Ѓорче Петров, а неговото тело ќе биде изложено за последна почит во капелата во оваа општина, од 11 до 12 часот.