Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/18 9:45 AM

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

Поп пејачот,  Влатко Илиевски синоќа околу 23 часот на ул.„3-та Македонска Бригада“ е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“. Информацијата денеска ја соопшти Министерството за внатрешни работи, но се уште официјално не се знаат причините за смртта на триесет и тригодишниот Илиевски.

Телото е дадено на обдукција. Истрагата е во тек.

Пејачот ќе биде погребан утре, 08.07.2018 година, на гробиштата во општина Ѓорче Петров, а неговото тело ќе биде изложено за последна почит во капелата во оваа општина, од 11 до 12 часот.