Кога зборуваме за згодни политичари, до скоро Џастин Трудо важеше за најголем миленик кај жените.
Сепак канадскиот премиер доби „опасна конкуренција“ во својата категорија – шпанскиот премиер Педро Санчез, тој претставува се она што припадничките на понежниот пол сакаат во изгледот на еден маж.
Црн, висок 190 cm, маркантен со по неколку седи влакна на косата и поглед кој има „она нешто“, Санчез за брзо време го освои срцето на жените ширум светот и ја заработи титулата еден од најшармантните политичари.
Педро Санчез има 48 години, а политичката кариера ја започна во 2004 година како застапник на Градскиот Совет во Мадрид. Во јуни 2018 година избран е за премиер на Шпанија, додека пред тоа беше генерален секретар на Шпанската социјалистичка работничка партија.
Тој е оженет со Марија Бегоња Гомез Фернандез, со која имаше две ќерки во 14-годишен брак. Познато е дека одржува витка линија со трчање. Тој зборува два странски јазика, англиски и француски, и е првиот премиер на Шпанија со течно познавање на англиски јазик и деклариран атеист, што е доста ретко за оваа земја.
Преземено од: stil.kurir.rs/