МЗ: Лабораториите работат со зголемен капацитет и со доволен број тестови – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/20 1:50 PM

МЗ: Лабораториите работат со зголемен капацитет и со доволен број тестови

Сите државни лаборатории располагаат со доволен број тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Sars Cov-2, Ковид-19, информира Министерството за здравство (МЗ).
-Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3294 тестирања, во државните лаборатории беа направени скоро 1800 теста, од кои само 1310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот, велат од МЗ.
Потсетуваат дека од почетокот на минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор.
-Со ова значително се забрза процедурата за земање брисеви за Ковид-19 и се зголеми бројот на тестирања на дневна основа во оваа установа, но и во ЦЈЗ Скопје, посочуваат од Министерството.
Есенскиот бран, додаваат, ги полни лабораториите, но и болничките капацитети заради што апелираат на одговорност од страна на граѓаните и почитување на мерките за заштита.