Во земјотресот што ја погоди Турција во петокот, загинаа 51 лице, соопшти Службата за итни ситуации (АФАД).
АФАД изјави дека по разорниот земјотрес биле регистрирани уште 850 помали земјотреси, од кои 40 биле со јачина од 4 степени, пренесува Анадолија.
Продолжува потрагата по преживеани од урнатините во егејскиот регион во провинцијата Измир.
Спасувачите извлекоа 70-годишен човек од зградата уништена во земјотресот утрово. Ахмет Цитим (70) бил извлечен 36 часа по земјотресот и хоспитализиран, а повеќе тела биле извлечени од урнатините.
Потпретседателот на Република Турција, Фуат Октај, изјави дека се планира поставување на 3.880 шатори во областите Борнова, Бајракли, Бука и Конак.
Скоро 900 повредени
Според официјалните податоци, најмалку 896 лица се повредени.
Од болниците се пуштени 682 лица, а 214 лица се задржани на лекување.
Земјотрес со јачина од скоро седум степени според Рихтеровата скала, кој во петокот ги потресе егејскиот брег на Турција и грчкиот остров Самос, се почувствува до Атина и Истанбул и предизвика најголема штета во Измир.
Преземено од: http://balkans.aljazeera.net/