Откриен е нов симптом на Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/20 10:59 AM

Откриен е нов симптом на Ковид 19

Сите симптоми на новиот коронавирус полека се откриваат. Во текот на изминатите десет месеци научивме многу за начинот на кој влијае на различни луѓе и за начинот на кој реагира на различни видови лекови. Covid-19 како болест на горниот респираторен систем главно резултира со сува кашлица, болка во грлото, температура и слабост. Покрај тоа, оваа вирусна инфекција има и некои секундарни симптоми како што се конјунктивитис, главоболка, губење на чувството за мирис и вкус. Друг додаток на оваа долга листа на симптоми се осип на кожата, пишува Times of India.

Тешко е да се поверува дека може да има каква било врска помеѓу респираторни заболувања и осип на кожата. Но, што се однесува до Covid-19, очекувајте неочекувано. Едно нешто што сите досега научивме за Covid-19 е дека сè може да се случи, а осипот на кожата кај пациенти со ковид е само доказ за тоа.

 

Неколку студии се спроведени во различни делови на светот за да докажат дека осипот на кожата може да биде чест симптом кај пациенти заразени со коронавирус. Според студијата спроведена од дерматолози во Ломбардија, Италија, 18 од 88 пациенти со коронавирус прегледани во болницата развиле осип по инфекција со коронавирус.

Треба да се консултира лекар

Друга студија спроведена од Кингс колеџ во Лондон, исто така, јасно посочи осип на кожата како главен симптом на коронавирусот. Според истражувачите од овој универзитет, вирусот најпрво се појавува на кожата на некои луѓе, како и на оние кои не развиваат други симптоми. Тие тврдат дека осипот на кожата треба да се сфати сериозно и веднаш да се третира.

Тешко е јасно да се наведе и препознае како изгледаат осипите во случаите на Ковид, бидејќи тие се разликуваат едни од други. Некои имаа осип сличен на коприва, други имаа осип како овчи сипаници или во форма на рамни и шарени траги.

Не постои стандарден начин да се направи разлика помеѓу осипите предизвикани од вирусни инфекции и другите здравствени проблеми. Само со еден поглед, ништо не може да се предвиди. Затоа, инфекцијата со Ковид може да остане недијагностицирана кај пациенти подолго време, особено во асимптоматски случаи. Сега кога знаеме дека осипот на кожата е симптом на Ковид-19, не треба да го сфаќаме лесно. Ако забележите некој осип на кожата, разговарајте со вашиот лекар.

Преземено од: https://www.dnevnik.ba