Ако една чаша кафе во вашата кујна има тенденција да се претвори во три или четири, големи се шансите вашата навика за кофеин да биде надвор од контрола. Како може да знаете со сигурност?
Истражувачи од Универзитетот во Портсмут во Велика Британија открија дека постои еден начин да откриете дали сте почнале да конзумирате премногу кофеин, а единственото нешто што ви треба е да се фокусирате на неговиот мирис, пишува Best Life.
Тимот утврди разлики во начинот на реакција на луѓето на мирисот на кафе во зависност од тоа дали се големи потрошувачи на кафе.
На крајот, тие открија дека големите убители на кафе се далеку почувствителни и можат да го помирисаат дури и во најслабиот пијалок со кофеин.
„Откривме дека колку е поголема употребата на кофеин, толку побрзо едно лице препознава мирис на кафе“, објасни др. Лоренцо Стафорд, експерт за мириси и коавтор на студијата.
Д-р Стафорд и неговиот тим, исто така, откриле дека луѓето кои имаат силна желба за кафе, имаат и попрецизно подесена способност да детектираат кофеин.
„Поголемите корисници на кофеин беа во можност да откријат мирис на разредени хемикалии за кафе во многу помали концентрации“, рече д-р Стафорд, додавајќи:
“Таа способност се зголемуваше со нивната желба. Значи, колку повеќе сакаат кофеин, толку полесно ќе го почувствуваат”.
Нивните откритија биле во согласност со студиите за други видови на дрога, кои откриле дека различни количини траги од различни супстанции можат да предизвикаат желба кај зависниците.
Значи, следниот пат кога ќе почувствувате кафе од оддалечено кафуле, треба да се запрашате дали вашата навика за кофеин претерала.
Преземено од: http://ba.n1info.com/


