46 мртви, и едно лице спасено после 36 часа- билансот од земјотресот во Измир – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/20 9:25 AM

46 мртви, и едно лице спасено после 36 часа- билансот од земјотресот во Измир

70 годишниот, Ахмет Цитим (70) бил извлечен 36 часа по земјотресот и хоспитализиран, а повеќе тела биле извлечени од урнатините, така што бројот на загинати во Измир се зголеми на 44, додека 896 лица беа повредени.

На грчкиот остров Самос, кој исто така беше погоден од земјотресот, двајца тинејџери загинаа кога ѕид падна врз нив, а најмалку 19 лица беа повредени.

Земјотрес се случи во петокот попладне, уништувајќи згради во Измир, третиот по големина град во Турција, предизвикувајќи мало цунами во областа Сеферихсар и на островот Самос.

Главниот удар беше проследен со стотици последователни земјотреси. Според Истанбулскиот институт Кандили, земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала бил со епицентар во Егејското Море северо-источно од Самос. АФАД изјави дека земјотресот бил со јачина од 6,6 степени и бил на длабочина од околу 16 километри.

Преземено од: http://rs.n1info.com/