Некои мислат дека гревовите ќе им бидат простени преку исповед во црква, некои чека да дојде Прочка, па тогаш да им се прости, но нова мода на македонската естрада е преку тетоважи да бараат прошка за гревовите. Кој со што или на кој му згрешил. Некој на публиката, некој на жените, некој алкохолот го смета за најголем грев.
Прва прошка побара Тамара, за химната што ја згреши, а грешката ја плати со откажување на настапите и место да ужива во евровизискиот успех, таа грешка и го уништи задоволството. Рака на срце за грешката, за која велеше дека е ненамерна, сто пати се извини, но прошка немаше бидејќи, според нејзината публика, таа не смееше да направи таков гаф баш на химната и токму во тој период.
Бидејќи не и поверуваа дека грешката е ненамерна, Тамара продолжи со гестови во знак на прошка. Завчера ги истетовира имињата на хероите кои се споменуваат во химната „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“.
-Ветено, сторено, искоментира таа.
Веднаш по неа својот „грев“ го истетовира и Игор Цамбазов. Тој на својот стомак напиша „шток“, кој го смета за најголем грев.
„Секој со своите гревови, искоментира под сликата на Инстаграм.
Денес, пак, низата „тетовирања“ ја продолжи Панчо од ДНК. Тој на своето чело напиша „Сите тела се убави“ и нацрта задник со танга.
„Гревовите поубаво се перат на чело“, напиша Панчо на Фејсбук.
Нему, пак, гревот му е што ги навреди дебелките дами, кои шетаат по хеланки.