Првиот официјален старт на белгискиот ас во редовите на Реал Мадрид, му донесе на кралскиот клуб победа од 4:1 над Хуеска и феноменален погодок на Еден Хазард.
Поранешниот фудбалер на Челзи од доаѓањето во Мадрид немаше среќа со повредите, а во ланската сезона забележа за Реал само 16 настапи и постигна еден погодок. Сезоната 2020/21 за Хазард не започна како од соништата, бидејќи напаѓачот се соочи со уште една повреда и оддалечувањето од терените.
Против Борусија Менхенгладбах, Хазард влезе од клупата и придонесе за камбекот во последните минути од дуелот, а денес против Хуеска на домашен терен стартуваше од самиот почеток и ја оправда довербата на Зинедин Зидан.
При крајот на првиот дел по додавањето на Феде Валверде, Хазард „распали“ од 25-30 метри и го совлада Андрес Фернандез, постигннувајќи евро-гол.
To everyone who doubted him. He is officially back. What a goal. pic.twitter.com/CM614ayW8p
— Hazard FC (@EHazardFC) October 31, 2020