– Како што ја осудувам поранешната изјава на Шешељ за Македонија, така силно сум револтиран и од изјавата на Каракачанов да ни испрати инженериски полк за да ги симне сите спомен обележја за бугарскиот окупатор и тоа според мене е акт на воена закана кон нашата држава- вели Сасша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.
– Ние моравме да го доотвориме планот се со цел да може да се дискутира и секоја институција да си го каже своето мислење. Општина Центар не може да одлучи што ќе прави со плоштадот за тоа одлучува Град Скопје. За Спомен куќата на Мајка Тереза треба Министертсвотот за култура. Ние ги добивме забелешките и добивме конкретни предлози и веќе постапуваме – рече Богдановиќ.