Попов: Мораториумот за градба во Центар се спроведува селективно (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/20 4:11 PM

Попов: Мораториумот за градба во Центар се спроведува селективно (ВИДЕО)

„Имаме комуникација на седниците на совет ги кажуваме своите критики,сепак СДСМ во општина Центар го има мнозинството и со тоа нормално го има последниот збор” вели Сергеј Попов – координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ во Општина Центар во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Според него беше ветено дека ќе се воведе мораториум за градба во оние ДУПОВИ за кои општината ќе процени дека се проблематични, меѓутоа сведоци се и советниците и граѓаните дека градењето во оваа општина не е сопрено.

Тој се сомнева дека мораториумот за градба се спроведува селективно, дека не важи за сите бидејќи има и градби кои што во моментов се во фаза на темел.

„Градоначалникот рече дека ревизијата на ДУП-овите на кои смета дека се проблематични ќе заврши во рок од шест месеци. Ние тогаш како опозиција предупредивме и сметавме дека општината нема да има многу време  и за жал мислам дека испаднавме во право бидејќи ДУП-овите се уште не се донесени, а со тоа и иднината за функционирањето за животот на граѓаните на општина Центар се донесува под знак прашалник”, вели Попов информирајќи дека два детални урбанистички планови за Маџир маало биле вратени од страна на Град Скопје и Министертсвото за транспорт.

Градоначалникот на Општина Центар, Богдановиќ вели дека има пет детални урбанистички планови кои што се донесени, ревидирани и усогласени и нормално таму каде што има простор за градба е дозволено. Второ, не беа сите планови опфатени со мораториум. На почетокот беа 31 план, сега се 26, но останатите не беа опфатени бидејќи беа донесени после генералниот урбанистички план. Ова важеше за детални урбанистички планови донесени пред 2012 годинаи. Ние само ја потврдивме одлуката што ја пишува во генералниот урбанистички план”, вели Богдановиќ.

Тој смета дека спроедувањето на мораториумот за градба  не се спроведува селективно, и вели таму каде што е слободен планот има развој, таму каде што не е ослободен нема издавање на одбрение, зошто не може да се издаде.

„Веќе 16 планови  се при крај и се подготвени, но се случи корона вирусот  и се забранија јавни собири и еден од чекорите да помине еден план понатаму беше јавна анкета. За онлајн не беше законски дозволено. Кога законски дозволија во неколку смени да се направат, веќе почнавме и тие планови се придвижени”, вели Богдановиќ.

Што се однесува до планоt за Маџир Маало 1 се наоѓа во Министертсво за транспорт и врски, и не е вратен туки има смао техничка работа да се доисправи и повторно се враќа во министертсвото и си продолжува понатаму.

„Мене ме радува што 95% од граѓаните го поддржа планот. А што се однесува до планот за Маџир Маало 2 се наоѓа во Град Скопје, очекуваме одредени корекции во делот на сообраќајот, бидејќи сообраќајот е под ингеренции на Градот Скопје и потоа ќе оди во ресорното министертсво”, изјави Богдановиќ.