И покрај проблемите поврзани со пандемијата, канадската Влада планира да прими повеќе од 1,2 милиона имигранти во следните три години.
Министерот за имиграција Марко Мендичино вчера го претстави, како што го нарече, „амбициозниот“ тригодишен план за имиграција. Со него треба да се донесат квалификувани работници, членови на нивни семејства и бегалци во Канада.
Канада сака да донесе нови 401.000 постојани жители во 2021 година, 411.000, во 2022 и 421.000 во 2023 година.


