Лидија Димова повеќе не е директорка на Агенцијата за европски образовни програми – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/20 7:58 PM

Лидија Димова повеќе не е директорка на Агенцијата за европски образовни програми

Лидија Димова повеќе не е на чело на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност. Ова следува по одлука на Управниот одбор на Агенцијата, откако Јавното обвинителство против Димова и уште неколку лица отвори истрага по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција.

Сега по нејзиното заминување, петмината членови на УО треба да најдат нејзин наследник, односно в.д директор на Агенцијата.