Тешко ми е што ми е разделено семејството – Џамбо Агушев поради пандемијата живее во две држави – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/20 7:24 PM

Тешко ми е што ми е разделено семејството – Џамбо Агушев поради пандемијата живее во две држави

Музичарот Џамбо Агушев пред неполни два месеци доби трето дете и од тогаш неговиот живот е по патиштата. Не дека не е навикнат да патува, туку како што вели, семејството му е разделено во две држави и  е „де кај едните, де кај другите“, што му паѓа многу тешко и нему и на сопругата и на децата.

-Сопругата Асена се породи со Мелина во Германија и од тогаш не си е дојдена. Не може да патува поради бебето, не сакаме да ризикуваме, а и се уште има контроли. За неа таму се грижат  нејзините. Мерт и Севги се во Струмица, со моите , сега веќе одат на училиште. А јас? Јас малку тука, малку таму. Овие два месеци само по авионите. Ако сум тука, ги мислам Асена и Мелина, кога ќе отидам таму ги мислам Севги и Мерт. Маки. Секое слетување од авион ми мерат температура.

Не знам  колку пати веќе ми имаат измерено. Сега се пакувам, ќе одам повторно сам, а пред Нова Година, на полугодите ќе ги земам Мерт и Севги и ќе одиме сите. Тие патат по сестричката, секој  ден се на камера со часови.  Се уште го немаат видено бебето. Многу им е мачно, знам, ги разбирам. Ама што да правам. И мене ми е тешко што ми е разделено семејството ама во овие услови човек не знае како да постапи. Стравот и грижата за здравјето се големи, вели тажно Џамбо за ммс.