Рајан Гигс смета дека Манчестер Јунајтед можеби ќе чека 20 години до следна титула во ПЛ – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/20 8:29 PM

Рајан Гигс смета дека Манчестер Јунајтед можеби ќе чека 20 години до следна титула во ПЛ

Легендата на тимот од „Олд Трафорд“ и сегашен селектор на репрезентацијата на Велс, смета дека на заспаниот гигант Манчестер Јунајтед можеби ќе му бидат потребни уште 20 години додека не освои титула во Премиер Лигата.

Со оглед на тоа дека Јунајтед за последен пат беше шампион на Англија во сезоната 2012/13 со Алекс Фергусон, Рајан Гигс не гледа надежно на шансите на „црвените ѓаволи“ за нов пехар во најквалитетното клупско фудбалско првенство, алудирајќи на тридецениското чекање на Ливепрул и сличностите на двата клуба во таа насока.

-Можеби ќе бидат потребни 15-20 години додека се случи тоа, особено ако Клоп и Гвардиола останат подолго во лигата. Имаат ресурси и играчи, на Ливерпул во 1990 година им се чинеше дека повторно за брзо ќе станат шампиони, но знаеме колку време им беше потребно. Иако и          на Клоп му беа потребни повеќе од четири години за да се искачи на врвот, изјави Рајан Гигс на подкастот „The Greatest Game“ кај Џејми Карагер.

Манчестер страда од недостаток на континуитет во игрите. Со претходните менаџери и сега со Оле Гунар Солскјер, Јунајтед никако да создаде свој препознатлив идентитет проследен со добри резултати и трофеи во ветрините.