Фудбалскиот клуб Јувентус објави дека нивниот портуалски ас е негативен на Ковид-19, по извршените последните тестови.
Кристијано Роналдо беше последниот играч во Јувентус заразен со коронавирус и поради вирусот пропушти неколку мечеви во Сериа А и Лигата на Шампионите, вклучувајќи го и оној против Барселона во средата против Лео Меси.
Роналдо повеќе не е во карантин и од утре ќе се приклучи на екипата на заедничките тренинзи. После интернационалната пауза, Роналдо ќе биде целосно фит и ќе се врати назад на фудбалските терени.


