Антителата после корона можат да го нападнат организмот – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/20 12:57 PM

Антителата после корона можат да го нападнат организмот

Антителата кои се развиваат во организмот по прележување на корона вирусот можат да го нападнат организмот, тврдат научниците.

За антителата кои се развиваат во организмот по прележување на корона вирусот се зборуваше многу, а сега научниците дошле до ново, не толку добро сознание. Се докажало дека овие антитела можат дури и да го нападнат нашиот организам.

„Њујорк Тајмс“ ги пренесува резултатите од ова истражување, во кое се навеува дека одбранбениот механизам кај некои учесници во истражувањето почнал да се наоаѓа сам од себе наместо вирусот, па тие всушност започнале да произведуваат автоантитела, кои влијаат на генетскиот материјал.

Ако имунолошкиот систем реагира на овој начин, тоа може да ја влоши клиничката слика на лицето, но може да биде и објаснување зошто некои луѓе имаат симптоми со месеци по вирусот.

Во сето ова, сепак, има една добра вест. Автоантителата произведени во овие случаи се слични на оние произведени како резултат на лупус или ревматоиден артритис. Експертите затоа се надеваат дека на ваквите пациенти, чии антитела го напаѓаат телото, може да им помогнат во лекување за овие, автоимуни заболувања.

„Можно е некои од овие поагресивни лекови да им помогнат на пациентите како ова“, рече Метју Вудруф, имунолог од Универзитетот Емори во Атланта и главен автор на студијата.

Преземено од: https://mondo.rs/