Училниците на отворено „цветале“ во почетокот на 20. век како еден од начините да справи образованието со смртоносните епидемии од тоа време и децата да му се вратат на учењето. Една од нив била туберкулозтата, од која, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, умирал секој седми човек во САД и во Европа. Вакцината била напарвана дури во 1921 година, а поминало уште доста време додека да стане достапна насекаде во светот, објавува ББС.
Училиштата на отворено биле значајно решение во такви услови. Клупите, столчињата и таблите биле изнесувани во училиштните дворови, па и подалеку, каде што наставниците предавале наука, географија, сликарство, со директно набљудување на природата.
Идејата се родила во Германија и во Белгија во 1904 гдина, а во САД училиштата на отворено почнале да се отвораат од 1907 година.