Белорусија ги затвори границите: Влез само за дипломати и камионџии – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/20 9:56 AM

Белорусија ги затвори границите: Влез само за дипломати и камионџии

Белорусија вчера ги затвори своите граници со Литванија, Латвија, Полска и со Украина, а како причина ја наведе епидемиолошката состојба.

– Ние мора да ги затвориме границите – рече претседателот Александар Лукашенко, кој претходно ја опиша пандемијата како „психоза“.

Според официјалните податоци, во Белорусија досега се заразени 96.529 луѓе, а 973 починале.

Од денес, патувањето ќе биде ограничено, а границите ќе останат отворени само за дипломати и за сообраќај со камиони, соопшти државната гранична агенција.

Има шпекулираше дека границите наводно се затворени од политички причини, бидејќи односите на Белорусија со четирите земји се влошија поради протестите против владеењето на Лукашенко.

Ниту една од четирите земји, за разлика од Русија, не ја признава победата на Лукашенко на изборите во август. Белоруско-руската граница остана отворена.