(Галерија) Интернетот полуде по неговите маски – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/20 10:52 AM

(Галерија) Интернетот полуде по неговите маски

Во почетокот на пандемијата резервата на заштитни маски беше недоволна, па луѓето почнаа да си изработуваат маски самостојно.

Но, Матијас Кретшмер од Австрија самостојното изработување на маски го однесе на сосема друго ниво,  изработува неконвенционални маски кои на момент прават да заборавиме на сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме поради корона вирусот.

Од животни, преку филмски ликови до маски со специјални пораки, сѐ ова може да се види на маските кои ги изработува Матијас. Дел од нив ги црта рачно, други ги дизајнира па ги печати на хартија и ги составува во делови. Маските се одличен начин за изразување на креативноста на Матијас, но не само што се негов уметнични израз, туку се и сосема ефикасни во заштитата од корона вирусот.

Во секој случај, мисијата на Матијас е успешна, со сигурност успева да ни ги оттргне мислите од пандемијата со неговите забавни маски.

Погледнете неколку од уникатните маски маските во нашата галерија, повеќе можете да пронајдете на неговиот инстаграм профил.