Ме боли што моите синови не зборуваат српски, често сум осамена: Емина откри што и’ е голема желба – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 10:57 PM

Ме боли што моите синови не зборуваат српски, често сум осамена: Емина откри што и’ е голема желба

Пејачката Емина Јаховиќ има два сина – дванаесетгодишниот Јаман и осумгодишниот Јавуз. Со нив живее во Истанбул, но поради своите делови обврски често е на релација Србија-Турција. Таа сега истакна дека многу жали што нејзините синови не зборуваат српски и со нив комуницира на турски јазик.

„Постариот син Јаман разбира и зборува српски, но многу слабо. Смешен е кога ќе почне да зборува на нашиот јазик бидејќи многу од зборовите ги изговара неправилно. Од друга страна, помалиот син Јавуз одбива да научи српски. Ги карам на српски, па понекогаш знам да кажам и нешто што не треба. Тоа секогаш го разбираат“, се пошегува Емина.

Исто така, таа додаде дека нивното детство многу се разлика од нивното, поради што и’ е криво:

„Кога бев мало девојче обожував да си играм со другарите. Времето често го поминувавме надвор и шетавме по улиците. Жал ми е што Јаман и Јавуз не можат да имаат такво детство и да ја почувствуваат магијата на таквото растее. Не можат нормално да се шетаат на улица и на одат во државно училиште“.

Како што објасни, една од нејзините најголеми желби е убаво да ги воспита синовите и од нив да направи вистински џентламени:

„Кога одам со нив на купување им давам да ги носат торбите, кога одиме во некој ресторан на ручек, ним им ја давам картичката за да платат. Не плачат по мене кога ќе дојдам во Белград бидејќи знаат дека нивната мајка овде има работа и дека бргу ќе се вратам дома“.

Музичката поп ѕвезда призна дека во Истанбул често е осамена, па со задоволство би се преселила во Србија:

„Често сум сама во Истанбул и се чувствувам осамено. Потоа знам да земам да пишувам песни“, откри пејачката во емисијата Балканска улица.

 

Извор:  kurir.rs