Русите сакаат навивачи на трибините и покрај порастот на заразените – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 10:23 PM

Русите сакаат навивачи на трибините и покрај порастот на заразените

Рускиот министер за спорт, Олег Матицин изјави дека ќе се потруди да овозможи  навивачите и понатаму да присуствуваат на спортските настани и покрај зголемениот број заразени со коронавирусот во Русија.

Среде пандемијата, Русија дозволи голем број навивачи да присуствуваат на натпреварите. Скоро 16.700 луѓе го следеа натпреварот на фудбалерите на Зенит од Санкт Петербург и Бриж во Лигата на шампионите минатата недела.

Натпреварот помеѓу фудбалерите на Краснодар и Челси синоќа го следеа 10.500 луѓе.

„Ќе сториме се’ што е можно да не го оставиме спортот без гледачи и оваа атмосфера да не го напушти стадионот и нашите животи “, рече Матицин, пренесе агенцијата Тас.

Тој изјави дека ќе обезбеди клубовите и регионалните влади да имаат свој придонес во донесувањето одлуки, но исто така и дека локалната состојба ќе биде земена предвид.

Покрај фудбалот, Русија минатиот месец дозволи присуство на гледачи на трката во Формула 1 во Сочи, каде што имаше околу 30 000 луѓе на ден. Тоа е најголем број на гледачи оваа сезона во Формула 1. Сепак, некои региони воведоа свои ограничувања или забранија публика.

 

Фото:  EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Извор:    sportske.net