Речиси 150 мигранти се удавија во најсмртноносниот бродолом годинава – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 8:01 PM

Речиси 150 мигранти се удавија во најсмртноносниот бродолом годинава

Најмалку 140 мигранти загинаа на брегот на Сенегал во најсмртоносниот бродолом регистриран оваа година, објави Меѓународната организација за миграција. Бродот што пренесувал околу 200 луѓе се запалил и се превртел во саботата неколку часа откако го напуштил рибарскиот град Мбоур, стотина километри јужно од сенегалскиот главен град Дакар.

Сенегалската и шпанската морнарица, како и рибари успеале да спасат околу 60 луѓе, но најмалку 140 се удавиле.

Опасниот морски премин од западна Африка кон Канарските Острови некогаш беше главна рута за мигранти. Откако Шпанија годинава ги засили патролите, оваа рута привлекува помалку мигранти.