Мисајловски: Зоран Заев е срам за македонскиот народ и нема легитимитет да биде премиер на Република Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/18 12:40 PM

Мисајловски: Зоран Заев е срам за македонскиот народ и нема легитимитет да биде премиер на Република Македонија

По вчерашното интервју што премиерот, Зоран Заев го даде за грчката телевизија ЕРТ од опозициската ВМРО – ДПМНЕ реагираа на прес конференција.

„Зоран Заев вчера на странска телевизија, ги кажа прашањата кои одлучил да ги постави на референдум на кој што македонските граѓани треба да се изјаснат за сопствената иднина. Тоа не го стори ниту на македонската телевизија или некој од македонските национални медиуми, туку на грчката национална телевизија. Зоран Заев без никаква консултација со Претседателот на Република Македонија или со ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, побрза да ја информира грчката јавност за детали од референдумот на кој што ќе гласа македонскиот народ“, изјави денеска потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.

Тој го обвини Заев дека му е важно да го испорача она што го ветил, без разлика на цената што ќе ја платат сите.