Како Тито направи една од најголемите провокации во Белата куќа – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 4:32 PM

Како Тито направи една од најголемите провокации во Белата куќа

Пред половина век југословенскиот лидер Јосип Броз Тито беше во посета на САД, а тогаш настана приказната која веќе стана легендарна, пренесуваат неколку медиуми од екс-ју просторите.

Во 1970 година во посета на СФРЈ дојде тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон. Следната година, од 26 октомври до 2 ноември 1971 година, Тито му ја возврати посетата. Броз беше дочекан со највисоки почести, а снимките како Тито и Јованка срдечно се сраќаваат со Никсон и неговата сопруга го обиколија светот. Од таа посета остана и големата анегдота, која, оттогаш не се заборава.

Имено, во текот на состанокот со Никсон во собата полна со новинари и фоторепортери, Тито запали пура. Потегот беше провокативен од две причини. Прво, пушењето во Белата куќа беше строго забрането уште од 1946 година. Второ, состанокот се одвиваше во време на кулминација на нетрпеливоста меѓу САД и Куба, а Тито со пури, тогаш беше општо познато, лично се снабдуваше од кубанскиот водач Фидел Кастро.

Никсон мораше да реагира:

„Господине претседателе, ние овде во Белата куќа не пушиме“, му рече на Тито.

„Блазе си ви вам“, едноставно одговори Тито и продолжи да си пуши.

По непријатната тишина што траеше неколку секунди, Никосн до крајот на состанокот не зборуваше за пушењето.

Никој досега ја нема потврдено ниту, пак, негирано вистнитоста на ова приказна која стана легенда.