Унгарија од денеска воведе нова мерка – задолжително носење заштитна маска и во рестораните, сите угостителски објекти и објектите за забава, која ќе стапи во сила од понеделник, соопштија од оперативиот одбор за борба против коронавирусот. Гостите ќе може да ја симант маската само додека јадат и пијат.
Во моментот носењето маска е задолжително во јавниот превоз, во кината, трговските центри, здравствените установи, старските домови, на спортските настани и во јавните служби.


